Поповски ја префрли вината кај службениците: Не сфатиле што треба да пријават

by fokus

По демантите на неколку министри, кои рекоа дека нивните лични трошоци за угостителски услуги во институциите, се пониски од веќе објавените преку владината алатка за отчетност, се јави министерот без ресор  во Владата, задолжен за комуникации, отчетност и транспарентност, Роберт Поповски. Тој вината ја префрли кај службениците, кои, рече, не сфатиле што конкретно треба да пријават.

-Во таа ставка за жал некои административни службеници и покрај укажувањата не го разбрале податокот и фактот дека е неопходно да ги пријават само трошењата на министрите, а не на сите кои се овластени да потпишат да кажеме кафе, вода… Во рамките на министерствата и тука има една мала недоследност која ќе се искорегира. Кај некои колеги се пријавени трошоци вкупни, кумулативни за целото Министерство – рече Поповски на дебатата на тема „Предизвици на Владата и институциите во зголемување на транспарентноста пред медиумите и граѓаните“ во организација на ЗНМ.

И покрај тоа, посочи Поповски, заштедите на оваа Влада се повеќе од двојно поголеми во однос на составот на претходната влада на Груевски.

-Кога ќе ги земете и кумулативните, какви и да земете се многу различни од реалните трошења кои една од владите на Никола Груевски ги правела. Соодносот на премиерот Зоран Заев со Никола Груевски е два спрема еден во заштеда – додаде тој.

 

Поврзани новости