Поповски: Ја менуваме перцепцијата за борбата против корупцијата

by fokus

Со изборот на непартизирана антикорупциска комисија беше поставен еден од темелите на реформите на правосудниот систем. Со таа цел се дизајнираше и новиот Закон за спречување на корупција и судирот на интереси. Ја менуваме перцепцијата на јавноста, постои политичка волја и подготвеност на Владата за справување со корупцијата во државата- изјави министерот за комуникации, отчертност и транспарентност, Роберт Поповски на денешната работилница за Национална стратегија за спречување на корупција и судирот на интереси.

На работилницата присуствуваа и вицепремиерот Бујар Османи,претседателот на Собранието Талат Џафери,како и претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска, на работилницата за Национална стратегија за спречување на корупција и судирот на интереси.

Поврзани новости