651
Лилјана Поповска, поранешна претседателка на ДОМ, парламентарна партија во коалиција со СДСМ, го критикуваше денешниот настап на лидерот на СДСМ и премиер Зоран Заев, кој на БГНЕС истакна дека Бугарија не е фашистичка држава, а периодот во Втората светска војна не го нарече окупација, туку администрирање.
„Ужас до болка. Ако на ЕУ и треба вакво национално и ментално самоубиство, тогаш ЕУ каква што ја почитуваме и посакуваме, престанала да постои!? Неприфатливи се вакви изјави од македонски политичари за сериозни прашања! Во чие име се зборува? Никој нема мандат за ова!“, напиша таа на фејсбук.