Поповска: СДСМ ќе треба многу да работи за да може да го „прескокне“ ѕидот на гласачи

by Fokus

Поранешната пратеничка, Лиљана Поповска во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24 даде своја анализа во врска со локалните избори во Македонија.

Според неа, опозицијата е победник на овие избори, а голем успех направила и политичката партија Левица која е во пораст.

„Практично се направи ѕид на гласачи кои тешко ќе може да се прескокне, СДСМ ќе треба многу да работи за да може да го помине. На овие избори граѓаните направија црта на собирано незадоволство во последните неколку години. Тука можеме да се вратиме од 2018 година, од промената на уставното име, од многу неуспешни преговори со ЕУ, од разочарувањето што ЕУ иднината е затворена, блокирањето на Македонија и нашето постојано понижување на национален план. Ова е огромно незадоволство кое сега е испорачано на овие избори. Практично многу луѓе гласаа за СДСМ бидејќи тие ветуваа многу промени“, изјави Поповска.

Поврзани новости