МВР за Димитриевски: Нема да дозволиме било каков притисок, го вклучивме Одделот за внатрешна контрола

by fokus

Нема да дозволиме било каков притисок, го вклучивме Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди, велат од Министерството за внатрешни работи за случајот со кумановскиот градоначалник и независен кандидат, Максим Димитриевски кој преку видео на Фејсбук објави дека го запрела полиција, му ги одзела документите и наводно го носат на технички преглед.

Иако во дел од медиумите првично се пренесуваше изјава од МВР дека станува збор за редовна контрола и дека сообраќајна полиција го запрела возилото во кое се превезувал Димитриевски поради непрописно затемнети прозори на возило, официјално од МВР во изјавата велат дека ќе се проверува дали полициските службеници ја злоупотребиле службената положба.

-Во врска со денешниот случај во Куманово, кога е сопрено возило „рено“, управувано од Д.Д., ве известуваме дека Министерството за внатрешни веднаш го вклучи Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за целосно расчистување на случајот. МВР нема да дозволи било каков притисок, незаконско постапување или злоупотреба на положбата, се вели во официјалната реакција на МВР.

Поврзани новости