643
Колку верзии на избирачки списоци има и колку спорни гласачи има – 330.000, 110.000, 89.000, 87.000, праша пратеничката Лилјана Поповска од ДОМ на денешната собраниска седница посветена на пратеничките прашања.
-Ни двете верзии на списокот со спорни гласачи не се исти, зашто во вторава најдовме 6 лица од нашата пријава, кои сега ги има, а ги немаше на претходниот список! И зошто ДИК не ги стави на проверка 6.000 граѓански пријави, меѓу кои и онаа на ДОМ? Каде се пријавени околу 60.000 грешки во избирачкиот список? Со свои очи најдовме непостоечки луѓе во туѓи станови, во ходници, на адреса со број нула, а најдовме и постоечки лица на погрешни адреси на кои не живеат – рече Поповска.