Вардар утре во рамките од 1. коло во новиот шампионат 2018/2019, гостува кај Шкендија во Тетово. Ждрепката и оваа сезона сакаше најтрофејниот македонски клуб да го стартува со тетовскиот противник.
„Меѓутоа со Вардар, Шкендија секогаш имала проблем во минатото особено на домашен терен. Ако први постигнеме гол во Тетово, ќе биде тешко да не победат. Вардар оваа година има млада екипа, неколку засилувања кои што им треба време да се адаптираат во новата средина, и затоа се уште не сме запознаени меѓу себе. Затоа и се случи тоа што се случи во Европа. Меѓутоа сега се фокусираме кон настапите во шампионатот, и нормално нашата цел е да одиме на првото место. Шкендија е добра екипа, имаат повеќе натпревари од нас после подготовките. Но, одиме подготвени во Тетово да се надигруваме. Јас ќе бидам реален и ќе кажам дека на хартија Шкендија во моментов има поквалитетна екипа од Вардар, меѓутоа добро е познато дека на вакви натпревари одлучуваат инспирација, желба, мотив“, порача Попов за официјалниот сајт на Вардар.
Дербито помеѓу Вардар и Шкендија се игра утре од 17. часот а во истиот термин играат и Работнички и Ренова. Веќе во недела, првото коло се затвора со натпреварите Академија Пандев – Македонија ЃП, Победа – Беласица и Силекс – Шкупи. Сите мечеви се играат во истиот термин, 17 часот.
ФОТО: ФК ВАРДАР