Одлуката на Велика Британија за излез од Европската Унија, шефот на македонската дипломатија Никола Попоски ја гледа како загуба на значајна земја-членка. Попоски вели дека за Македонија, ова е загуба на еден поддржувач во процесот на проширување на ЕУ.
„За Балканот и за Македонија тоа значи загуба на еден поддржувач на процесот на проширувањето на Унијата. Очигледно е дека треба да се чујат и забелешките на тие кои ценат дека постои демократски дефицит во носењето на некои политички одлуки за Европа. Во Македонија треба да продолжиме да го правиме тоа што нам ни е во интерес и нам ни одговара, да бидеме конкурентни и вклучени во рамки на најбогатиот заеднички пазар во светот и со тоа да создаваме подобри можности за работа и стандард на македонските граѓани“, вели Попоски.