Попоски: Спорот за името не е меѓу грчките приоритети

by Фокус

Македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски синоќа за време на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк се сретна со неговиот грчки колега Евангелос Венизелос. Попоски изјави дека го изразил интересот на Македонија за наоѓање на решение на спорот. Но, според него, од одговорот на Венизелос било јасно дека тоа не е меѓу грчките приоритети.

– Се разбира дека наша страна беше потенциран интересот за суштински разговори за придвижување на процесот. Мислам дека во делот на одговорот немаме никакво изненадување, бидејќи сепак се работи за ситуација во која грчкиот интерес е на исклучително ниско ниво. Беше констатирано дека останува разликата во делот на мотивираност за надинување на наметнатиот спор околу името, односно во Грција таа мотивираност е се уште не прилично ниско ниво, на исклучително ниско ниво. Во другиот дел на разговорот беше изразен интерес дека постои желба кај грчката страна за интензивирање на проекти за билатералана соработка, било да се работи во делот на инфраструктурата, економската соработка, или за заеднички проекти во европски конктекст и во билатерален контекст – истакна Попоски.

Поврзани новости