Иванов од Бан-Ки-Мун побара поголема ангажираност за спорот со името

by Фокус

Македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов се сретна со генралниот секретар на Обединетите нации Бан-Ки-Мун, а потоа тој се обрати и пред Генералното собрание на Обединетите нации.

Во своето обраќање,  Иванов  ја повика меѓународната заедница да обезбеди испочитување на пресудата на Меѓународниот суд на правдата меѓу Македонија и Грција. и рече дека оваа пресуда треба да важи за сите држави во светот, според омилената грчка формула – ерга омнес. Тој посочи дека со кршење на меѓународното право само се зголемува дисфункционалноста во меѓународната заедница.

Поврзани новости