407
Условите за решавање на спорот за името се повеќе од созреани, вели македонскиот министер за надворешни работи, Никола Попоски во интервју за весниците „Катимерини“ и „Реал“, само неколку дена пред посетата на Атина, каде треба да се сретне со грчкиот колега Никос Коѕиас.
– Не би требало да постои непријателство меѓу нас. Напротив, во изминатите 20 години се покажа дека двата народи имаат многу заеднички точки. Според однесувањето и начинот на размислување, би можело да се каже дека сме први братучеди – вели Попоски, додавајќи дека двете држави имаат добра соработка во туризмот и во економијата.