Попоски: СДСМ го има луксузот да избере кога ќе оди на избори

by fokus

Заменик-претседателот на Владата на Македонија и министер за надворешни работи, Никола Попоски, денеска изјави дека Договорот од Пржино е жив и дека тој е решенито за излез од кризата.

-Ставот на владината коалиција е јасен и тој е дека најголемата опозициска партија има можност, привилегија и луксуз да одбере во кој момент ќе се чувствува подготвена за соочување со демократски избори, рече Попоски.

Министерот додаде дека владејачката коалиција, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, има јасни ставови за договорот и за неговото реализирање, но оти целосната имплементација на договореното зависи од СДСМ.

Поврзани новости