406
Политичката криза има своја цена и затоа е потребно одговорно однесување на сите политички чинители, изјави министерот за надворешни работи, Никола Попоски на средбата со новинари по повод одржувањето на претстојната Париска конференција за Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес .
-Доколку го одржиме фокусот на спроведување на идните реформски приоритети без оглед на напредокот во политичкиот дијалог, ќе докажеме дека Македонија има капацитет да води преговори со ЕУ, при што оценката за тоа ќе ја донесе Европската комисија, изјави Попоски.
Како што кажа Антоан Грасин, францускиот амбасадор за организирање на Парискиот самит за Западен Балкан, теми на разговор ќе бидат економијата, инфраструктурата и мобилноста на младите.