667
Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој е тазе промовиран вицепремиер во владата по повлекувањето на Зоран Ставрески, во интервју за 24 вести ја отфрли можноста да го наследи Никола Груевски на тронот на ВМРО-ДПМНЕ.
-Мислам дека нема никаква причина за таква дискусија, воопшто, било кој да го наследи, бидејќи тој е лидер на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ – рече Попоски.
По повлекувањето од владата, се позасилено се зборува дека Груевски ќе се повлече и од ВМРО-ДПМНЕ, а освен Попоски како можен нов партиски лидер се споменува и Никола Тодоров.