Следуваат историски избори од аспект на завршување на политичката криза и враќање на држаават во нормала, а дали по нив некој ќе заврши во затвор единствено легитимно и надлежно е судството во Македонија, вели министерот за надворешни работи и носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица Никола Попоски во интервју за Радио Слободна Европа.
-Јас верувам дека секој од нас носи лична одговорност во однос на тоа како функционира судството, не верувам дека со мултиплицирање на изјавите за тоа кој суд како треба да суди ќе го подобриме судството. Верувам дека во Македонија има солидна база за тоа да имаме солидно судство, треба да ги извлечеме сите оние кои сметаат дека преку изјави или најави или замена на судовите со приватни судства и не знам се уште какви концепти не беа промовирани во изминатиот период, не прават добра услуга, прават штета на судството. Треба да се концентрираме на примена на законите. Сигурно е, јас би се согласил со тоа дека постои простор за подобрување, но да не ги претставуваме работите поцрни отколку што се – вели Попоски.