Богоевски и Туфегџиќ презентираа план за младите

by fokus

Претставниците на граѓанската опција кои се на листата за кандидати за пратеници на СДСМ и коалицијата во ИЕ 1, Павле Вогоевски и Ивана Туфегџиќ денеска презентираа план за младите.

-Коалицијата за живот во Македонијa има план, план кој предвидува отворање на фирма со само едно евро основачки капитал, 10 илјади евра неповратни средства за бизнис идеи на младите луѓе и поддршка од бизнис центрите, кои ќе бидат отворени по поголемите општини, поддршка која што ќе нуди правна, сметководствена, архивска и сета помош која што им е потребна на младите кои отпочнуваат сами свој бизнис.Нашата цел е младите да бидат сами свои газди, нашата цел е младите да останат да живеат и да работат во Република Македонија – рече Туфегџиќ.

Богоев посочи дека токму невработеноста е главниот фактор што младите се исселуваат од државата. Тој потсети дека Македонија е рекордер по стапка на младинска невработеност со 54 отсто невработени и стотици илјади исселени млади лица.

Поврзани новости