398
Министрите за надворешни работи и за здравство, Никола Попоски и Никола Тодоров, стана заменици на премиерот Емил Димитриев, по повлекувањето на министерот за финансии Зоран Ставрески, кој воедно беше и вицепремиер.
Откако дел од медиумите ја објавија оваа информација пред неколку дена, Попоски и Тодоров и на официјалниот владин сајт осамнаа како владини вицепремиери.
Инаку, тие се меѓу најблиските и најдоверливите соработници на експремиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.