393
Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Попоски денеска во Брисел се сретна со шефот на грчката дипломатија Никос Коѕиас.
Како што соопшти грчкото Министерство за надворешни работи, Коѕиас и Поспоски се сретнале на маргините на денешниот состанок на Советот на ЕУ за надворешни работи.
На средбата тие разговарале за најновиот развој на настаните во врска со бегалската и мигрантската криза, за настаните во нашата земја и за прашањето за името.