Ахмети: Кризата мора да заврши, не може Македонија да биде заложник на тесните интереси на една партија

by Фокус

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети се огласи на својот фејсбук профил тврдејќи дека интересите на државата се најбитни и дека кризата мора да заврши.

– Јасно му кажав на еврокомесарот Јоханес Хан на нашата средба во Скопје дека се најважни интересите на државата и дека кризата мора веднаш да заврши, затоа што граѓаните и државата не може да останат заложници на тесни интереси на група или партија, туку напротив, пред се, мора да бидат државните интереси -напиша лидерот на ДУИ.
Тој нагласи дека вниманието на Брисел и на Вашингтон е насочено кон Скопје.

Поврзани новости