477
Не зборувавме за името. Рековме еднаш барем да зборуваме за нашата соработка, рече грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас по средбата со шефот на македонската дипломатија, Никола Попоски.
Коѕиас додаде дека по природа навива за добри, а не расипани компромиси и компромиси „кои ќе не ослободат од затворот на историјата“.
По оваа средба со Попоски, тој треба да се сретне и со премиерот Емил Димитриев, како и со претседателот Ѓорге Иванов.