Чилиманов и Димишкова не дојдоа, пропадна седницата на ад хок телото за медиуми

by fokus 13:34
13:34

Ад хок телото за медиумите кое денеска требаше да оставри ноца средба и повторно да се обиде да го избере својот петти член, не се состана, бидејќи двата членови, Слаѓана Димишкова и Цветин Чилиманов не се појавија.

Овие два члена се на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, додека членовите на предлог на СДСМ, Горан Трпеноски и Љубомир Костовски, дојдоа на состанокот. По еден час чекање, заклучено беше дека средбата нема да се одржи.

Петтиот член на ова тело требаше да биде избран најдоца до вчера, но четворицата членови не можат да се договарат за изборот, кој според договореното ќе биде Албанец.

Поврзани новости