Попоски: Грција е единствена пречка за членство на Македонија во НАТО

by Фокус

Министерот за надворешни работи Никола Попоски во Солун изјави дека исклучиво одлука на земјите-членки на НАТО е дали Македонија ќе добие покана за членство на претстојниот Самит на Алијансата во Вашрава.

– Во однос на НАТО, има одлука од 2008 година со која е јасно констатирано дека единствена пречка за нечленување на Македонија во НАТО е спротивставувањето врз основа на наметнатиот спор со името од грчка страна, а потоа имаме во 2011 година одлука на Меѓународниот суд на правдата кој кажува дека таа одлука не е легална – рече Попоски.

Според него, во овој момент нема впечаток дека постои подготвеност од грчка страна да се случи влез на Македонија во НАТО на Варшавскиот самит.

Поврзани новости