Шилегов: Семејството на Иванов има врски со офшор фирма

by Фокус

Блиската фамилија на Ѓорге Иванов, човекот кој прогласи аболиција за криминалната банда на Никола Груевски, е дирекнто поврзана со бизниси и фирми на Панама, истакна портпаролот на опозицискиот СДСМ Петре Шилегов.

– Братот на Маја Иванова, Сашо Тоневски има бизнис релации со фирмата ЛИП Корп Панама Сити од Панама, која е основач и сопственик на фирмата Делфино Травел Балканс. Тоневски е исто така и еден од сопствениците и управител на оваа фирма, која пред само неколку дена, или во време кога почна да се шири скандалот со перењето пари во панамски фирми, згаснува и ја бришат од Централен регистар. Што крие семејството на Иванов? – праша Шилегов.

Поврзани новости