527
Вицепремиерот и министер за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во изјава за Дојче веле, ги сподели импресиите од резултатите на вчерашните избори во САД.
-Граѓаните на САД го остварија своето гласачко право и ја избраа најдобрата опција за нив на фер и демократски начин. Ние тоа го поздравуваме. Му ја честитаме победата на следниот американски претседател Доналд Трамп! За Република Македонија тоа значи продолжување на досегашната соработка со нашиот стратегиски партнер и можност за отпочнување нови проекти во областите од заеднички интерес, изјави Попоски.