Нова условена препорака: Политичка одговорност и за содржината на „бомбите“

by fokus 14:41
14:41

Македонија денеска доби нова препорака за почнување на преговорите за членство во Европската унија, но и како претходната, и оваа е условена. Фер избори, оставање на СЈО да си ја заврши работата и спроведување на реформите се услов за напредок во евроинтеграциите, рече еврокомесарот Јоханес Хан.

-Морам да кажам дека не се само изборите важни. Тие се пресвртница, но веднаш потоа избраната влада треба да се фокусира на приоритетните реформи. Сепак, изборите се веќе еден вид позитивен притисок врз европското семејство за реализација од наша страна. Сите ние досега сведочевме што значи кога нема резултати, земјата назадуваше, мислам дека може да ја стабилизираме и сега е наш ред да ги наградиме со тоа што ќе им дадеме перспектива и почеток на предвидените преговори доколку тие ги исполнуваат условите, изјави Хан во интервју за Радио Слободна Европа.

- Advertisements -

Што се однесува до СЈО, ЕУ во извештајот му дава поддршка и вели дека сите препреки со кои се соочило СЈО само го истакнале недостигот на независно судство и потребата да се спречи селективна правда. Во заклучоците се вели дека напорите на специјалната обвинителка да воспостави законска одговорност мора да бидат поддржани, а Собранието мора да утврди политичка одговорност за прислушуваните разговори и нивната содржина.

Поврзани новости