Заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Никола Попоски одржал проштална средба со амбасадорот на ЕУ во Македонија, Аиво Орав.
-Амбасадорот Орав беше целосно ангажиран во нашата соработка, било на полето на реформите, политиките на ЕУ и земјите членки или пак во реализација на ЕУ проектите во Република Македонија – порача Попоски.
Попоски му ветил на Орав оти државата ќе продолжи да ги работи на долгорочните реформи со цел еден ден да се приклучи кон европското друштво.
– Ние ќе се приклучиме во Унија која ќе биде многу поразлична од денешната. Во меѓувреме секое подобрување во судството, поголема ефикасност на администрацијата или повисока заштита на животната средина, како препознатливи ЕУ стандарди, за нас ќе бидат позначајни од самото членство. Во вакви клучни области со цел остварување на постојан напредок имаме редовна соработка со европските институции, нагласил Попоски.
Попоски на Орав му посакал понатамошен успех во неговиот нов мандат и му врачил благодарница за неговиот дипломатски ангажман во име на ЕУ од 2012 година досега.