СДСМ: Миноски итно да ги откаже задолжувањата на домашниот пазар

by fokus

Од опозицискиот СДСМ реагираа на вчерашното владино задолжување кај домашните кредитори од 9,2 милиони евра. Од партијата го повикаа министерот за финансии Кирил Миновски итно да ги откаже аукциите, бидејќи како што велат влегува во нови незаконски дела.

„Самото одржување на аукција на домашниот пазар на капитал во текот на вчерашниот ден е потврда дека власта на Никола Груевски не може да функционира без нови задолжувања. Малку им беа 450-те милиони евра со коишто ги задолжија граѓаните преку еврообврзницата, па уште Груевски преку Миноски вчера ги задолжи граѓаните со нови 9.26 милиони евра на домашниот пазар. Го потсетуваме Миноски дека пред Управниот Суд на Р.Македонија сеуште се води постапка за законитоста на сите домашни аукции на државни хартии од вредност одржани од почетокот на 2016 година! Управниот Суд мора да донесе одлука по тужбата за постапката по којашто се одржуваат аукциите на државни хартии од вредност. Миноски влегува во нови незаконски дела!“, стои во партиското соопштение.

Поврзани новости