Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски на панел-дискусијата за иднината на Балканот во ЕУ, што се одржа во Словенија, побара да се дефинира временска рамка и да се постават стандарди за тоа колку време може една држава да се држи како кандидат за членка на Европската Унија, до моментот на почнување и на завршување на пристапните преговори.
-Има различни стандарди за државите членки и кандидати. Некој ќе рече дека тоа е нормално и затоа е подобро да сме членка. Во меѓувреме, не можете да замислите на некоја држава од ЕУ да ѝ биде проблематизирано постоењето и основните права на нејзините граѓани, но за кандидат, тоа е сосема возможно… Не е решение да седнеме и само да се жалиме. Но, фер е да се направи една стратешка оценка во ЕУ за користа и за штетите од одложувањето на процесот. Дури и при услови на внатрешни предизвици, во ЕУ треба да се промовира интеграција на Балканот- истакнал Попоски.
Попоски посочил дека сега веќе не е доволно само грубо воспоставување на функционална демократија и економија на пазарни принципи и затоа смета дека е неопходно да се постават стандарди за тоа колку време една земја може да биде членка на ЕУ. На овој начин Попоски смета дека ќе се обезбедии регионалниот мир и безбедност на долг рок.