Стајковци повторно под вода

by fokus

Обилните врнежи од дожд повторно ги поплавија домовите на жителите на Стајковци.  Голем дел од нив, на социјалните мрежи бараат волонтерска помош за исцрпување  на водата од нивните гаражи и дворови.

– Дворот на мојата куќа е повторно поплавен и подрумите почнаа да се полнат. Инаку улица „6“ која се наоѓа веднаш до обиколницата е повторно поплавена, а луѓето се во паника. Подрумите и гаражите им се полнат со вода, сите стравуваат водата не им влезе и во домовите. Бараме помош од волонтери кои ќе ни помогнат во исцрпување на водата – напиша Марјан Алек Стевковски  на фејбук групата “Хуманитарна помош за поплавените семејства во Скопје”

Според тоа што е напишано во групата, целосно е поплавена и улицата „6-та” која се наоѓа на крајот на селото Стајковци, веднаш до обиколницата.

Oд Центарот за управување со кризи велат дека на нивните телефони никој не пријавил дека е поплавен и дека му треба помош.

Поврзани новости