Поплавите во Италија ја откажаа Формула 1 трката во Имола

by Fokus

Нарушени се плановите на Формула 1 – поради поплавите во Италија и отежнатиот пристап до патеката во Имола, а од попладнево трката за големата награда на Емилија Ромања е откажана.

Информацијата ја сподели „Скај спортс“, официјалниот пренесувач на трките во Ф1 во Велика Британија.

Италија ја зафатија обилни дождови, кои направија масовни поплави во тој дел на Италија, во Тоскана и во Емилија-Ромања. Според протоколот, екипажите уште во понеделникот ја истоваруваат својата опрема, па сега добиле насока да го напуштат целиот комплекс на „Аутодромо Енцо е Дино Ферари“, во Имола.

Реката Сантерно, која тече веднаш близу патеката е на исто ниво со брегот и сето тоа придонесе Формула 1 да ја откаже трката.

Најверојатно тимовите со својот својот багаж и целата опрема ќе се насочат кон Монте Карло, за следната трка, предвидена за 28 мај годинава.

Поврзани новости