638
Еден маж загина, а петмина се водат за исчезнати во поплавите што погодија делови од северо-источна Шпанија. Меѓу исчезнатите се една жена и нејзиниот син, кои биле во кампер кога реката Франколи се излеала од коритото и возилото го повлекла со себе.
Големи поплави се регистрирани и во северна Италија, каде што, според Би-Би-Си, загинале две лица.
Југот на Франција е блокиран од надојдени реки кои ги пробиле коритата и се излеале. Најкритично е во местата Нарбон Плејџ и Безиер, каде 1000 лица се згрижени откако водата ги уништила нивните домови. Портокалов аларм е прогласен во десет окрузи од југот на земјата.
Метеоролозите соопштија дека во областа Хероу за 24 часа паднале 240 мм дожд, што е рекорд за последните 50 години.