423
Поплавени се 10 објекти, најмногу подруми по синоќешните врнежи на територија на општина Кавадарци.
– Од синоќа се излезени екипи на ЈП „Комуналец” со механизација од три скипови, два камиона, три трактори и 20 работници. Се расчистува наносот, наталожените решетки и сливници и со три цистерни се перат улиците од калта. Исто со свои екипи учествуваат и ТППЕ Кавадарци, кои помагаат во перењето на улиците и испумпувањето на водата од поплавените простории, изјавија од јавното претпријатие „Комуналец“.
Во Росоман пак се запалила бандера, па интервенирале кавадаречките пожарникари. Како што појаснуваат од Територијалната противпожарна единица од Кавадарци за МИА, околу полноќ добиле повик за интервенција на запалена бандера со гнездо на штркови.