Најдојдениот Вардар, синоќа предивика поплавување на десетина куќи во гостиварско, поточно во селото Балиндол, а заради опасност од излевање на вода од каналот за наводнување под закана се и двесетина куќи во населбата Бањешница. надојдените води им се закануваат и на куќите во Форино, кои се близу до реката Вардар.
Нивото на Вардар низ полошкото поле е зголемено и постои опасност и од излевање во околните ниви.
Временските услови во изминатово деноноќие проследени со наглото топење на снегот и врнежите од дожд во гостиварскиот регион, предивикаа проблеми во некои делови од општината. Регионалниот патен правец Гостивар-Србиново од синоќа е во прекин. Во близина на селото Лакавица на коловозот се срушила поголема количина од земја и дрвја.
Градежна механизација веќе работи на расчистување и се очекува до пладне да биде ослободена една коловозна лента, а според најавите во текот на денот, коловозот да биде прооден во обата правци.
Според информациите на локалниот Центар за управување со кризи (ЦУК) и СВР Тетово, проблеми во одвивањето на сообраќајот имало и на локалниот пат Чегране-Тумчевиште, кад сообраќајот поради излевање на вода од околните водотеци се одвива со потешкотии.