431
Најмалку пет лица загинаа, а тројца се водат како исчезнати во бурата, која денеска ја погоди Италија, а меѓу најпогодените се Ливорно и Тоскана.
Четири лица од исто семејство се пронајдени мртви во поплавена куќа во Ливорно, каде за четири часа падна обилен дожд, претворајќи ги улиците во реки, кои носеа се пред себе.
Италијански медиуми јавуваат дека загинале девојче, нејзините родители и нејзиниот дедо.
Петтото тело е пронајдено на подрачје разурнато од свлечиште, додека три лица се водат како исчезнати, соопштија пожарникарите.