588
Ситуацијата со пожарот се влоши во Пехчевско, особено кај селата Робево и Мачево, каде поради ветрот попладнево одеднаш се рашири огнот по боровата шума.
Голем број припадници на надлежни органи, довроволци, како и пожарникари од Австрија, се обидуваат да го локализираат пожарот.
Засега нема опасност по селата, но нема како да се стави под контрола пожарот што се шири ни шумата, која во голем дел е изгорена.
За разлика од вчера, помирно е во Делчево, каде има над 10 активни пожари, но сите се далеку од населени места.
Инаку, пожарот зафати дел и од светиниколското село Богословец, каде изгореа и куќи.
Дел од опожарените површини претставуваат непристапен терен, па единствена надеж се гледа во поволните временски услови.