738
Полицијата го привела И.О. од радовишкото село Тополница во врска со настанатите пожари во селата Погулево и Дамјан.
„И.О. откако ги забележал полициските службеници се обидел да избега, но бил фатен, приведен и се работи на расчистување на случајот. Инаку, на подрачјето на ОВР Радовиш на неколку метри оддалеченост настанаа три пожари, од кои оној во с.Погулево е изгаснат, кај с.Парналија и Супурге е локализиран, а на влезот од с.Дамјан се преземаат мерки за негово гасење“, велат од МВР.