Попладне дожд, грмежи и ветер

by fokus

Во попладневните и вечерните часови ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд,грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде околу 18, а максималната ќе достигне до 31 степен.

До недела во попладневните и вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање.

Поврзани новости