Попис на свињи во Делчевско

by Фокус

Во делчевскиот регион во радиус од 10 километри од местото каде што се појави африканската свинска чума во тек е попис и утврдување на нерегистрирани одгледувалишата на домашни свињи.

Овој вонреден попис треба да заврши утре, а се очекува првичната бројка од 740 да се зголеми и да изнесува околу 1.000 свињи на оваа територија.

Потоа ќе почнат и клиничките прегледи и тестирања на свињите, кои во рок од 24 до 48 часа треба да покажат дали има или не африканска свинска чума.

Доколку резултатите се негативни ќе бидат транспортирани во кланици.

Доколку се позитивни, пак, тогаш се уништуваат во специјална јама.

Поврзани новости