ПОПГМ: ВМРО-ДПМНЕ се обидува да манипулира со пензионерите

by Fokus

Деновиве, претставници на ВМРО-ДПМНЕ, со произволни и невистинити изјави, во пресрет на претстојните локални избори, се обидуваат повторно да манипулираат со пензионерите, минимизирајќи го значењето на враќањето во примена на законското усогласување на пензиите и негирајќи го износот на средствата кои секој пензионер ќе ги добие како вкупен износ за цела 2017 година по основ на ова законско право, реагираа од партијата на Обединети пензионери и граѓани на Македонија.

– Во ВМРО-ДПМНЕ очигледно сакаат да се заборави, дека токму по иницијатива на оваа партија за првпат во историјата на Република Македонија, неколку години последователно на пензионерите им се одзеде законско и колективно право, а пензионерите се третираа како корисници на социјална помош. Ако, според нив, со примена на законското усогласување на пензиите новата Влада само исполнувала законска обврска, треба да објаснат зошто и како, примената на член 37 од Законот за ПИО престана да биде и нивна законска обврска – се наведува понатаму во соопштението.

 

 

Поврзани новости