277
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.С.(50) од с. Ласкарци, општина Сарај, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп” по член 358 од Кривичниот законик.
На 01.08.2023, откако полициски службеници констатирале сообраќаен прекршок и го известиле дека ќе му биде изготвен прекршочен платен налог, пријавениот извадил и на совозачкото седиште од службеното возило фрлил 1.000 денари за да не го изготват налогот.