Порака од Фон дер Лајен до Путин: Европа не толерира агресија врз суверена држава!

by Fokus

Урсула фон дер Лајен – претседателката на Европската комисија пред почетокот на Самитот на Европската политичка заедница во Гранада (Шпанија) упати порака до рускиот претседател Владимир Путин дека „Европа не толерира агресија врз суверена држава“.

Покрај Украина, во фокусот на Самитот во Гранада ќе биде и енергетиката.

Европа лани имаше енергетска криза, поради, како што рече Фон дер Лајен, уцените на Русија кога станува збор за фосилните горива, но додаде дека цените сега се паднати и креирана е заедничка платформа за купување на гас.

Таа изрази поддршка и за Ерменија и нејзините хуманитарни потреби за кои првично беа издвоени 5,2 милиони евра, сума што подоцна беше дуплирана на 10,4 милиони.

Фон дер Лајен уверува дека САД ќе продолжат со помош за Украина, но и дека Европската унија определи средства за земјата на која е потребна предвидливост.

Поврзани новости