451
Илјадници луѓе се понудија да го посвојат девојчето кое се роди под урнатините од зграда во Северозападна Сирија, по разорниот земјотрес во понеделникот, пишува Би-би-си.
Кога беше спасено, бебето сè уште беше поврзано со папочната врвца со мајката. Бебето сега е во стабилна состојба. Во болница го однел подалечен роднина.
Иако илјадници луѓе преку социјалните мрежи побарале детали како може да ја посвојат, одредени информации говорат дека нејзиниот вујко ќе се грижи за неа.
Докторот и директор на болницата каде што е сместена Аја, вели дека и тој добил десетици повици со понуди за посвојување од целиот свет.
-Нема да дозволам некој да ја посвои сега. Сè додека не се врати нејзиното далечно семејство, ќе ја третирам како моја – вели тој.