384
МВР ги поништило личните карти на лицата за кои се утврдило дека се издадени на незаконски начин, со цел да се злоупотребат за гласање на претходните избори, извести денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Тој додаде дека детектирани се и многу слабости во начинот на издавањето на документите, како и при впишувањето на живеалишта и престојувалишта.
Министерот објасни дека за целосно прочистување на избирачкиот список, ќе треба да се бара системско решение на поврзување на институциите со цел да се отстрани човечкиот фактор при раководењето со овие документи и системи. Претседателот на ДИК, пак, рече дека веќе се работи на такво решение.