600
Уставниот суд донесе одлука да се поништи одлуката со која беше распуштено Собранието на 7 април. Сите девет судии едногласно го прифатија предлогот на пратеникот на ДУИ, Талат Џафери.
Минатата среда беше поведена постапка и беше изразено сомневање дека одлуката за самораспуштање на Парламентот е против уставна и беше изречена времена мерка за стопирање на сите дејствија што произлегуваат од неа, а тоа се одлуката за распишување избори на 5 јуни и преземените изборни дејствија од страна на Државната изборна комисија.
Веднаш штом беше поведена постапка, уште истиот ден Собранието закажа седница на која го измени Законот за помилување.