СДСМ: Медиумските курири молчат за богатењето на Никола Груевски

by Фокус

Медиумските курири молчат за богатењето на Никола Груевски, официјално, за една година, од 118 илјади евра. Како тоа додека граѓаните осиромашуваат, a Груевски со плата од 1.400 евра тргал на страна по 10.000 евра месечно? “Курир”, “Република” и “Радио слободна Македонија” се три провладини медиуми, кои што за три години оствариле приходи од 3 милиони евра, реагираат од опозицискиот СДСМ.

Според нив, мeдиумските курири продолжуваат со ширење на лаги и невистини со пари на граѓаните за да ги сокријат криминалите на ВМРО ДПМНЕ и Груевски.

– Затоа медиумските курири се вистински платеници коишто се ставаат во заштита на криминалот на Никола Груевски и се најголеми промотори на лагите и манипулациите на врвот на ВМРО ДПМНЕ. Едно треба да е јасно, ништо нема да му помогне на Никола Груевски, најмалку лагите на медиумските курири. Нема бегање од одговорноста. Граѓаните од цела држава, без разлика на политичка, верска или национална припадност се на нозе, на улиците во градовите ширум Македонија – се наведува во реакцијата од партијата.

Поврзани новости