Американскиот државен секретар Мајк Помпео денеска изјави дека има „огромен доказ“ дека пандемијата од коронавирус потекнува од лабораторија во кинескиот град Вухан, пренесува „Галф њуз“.
-Имаме огромни докази дека се започнало токму таму, им рече тој на новинарите.
Но, иако тој е многу критичен кон Кина, одби да каже дали смета дека вирусот е намерно ослободен од лабораторијата.
Претседателот на САД, Доналд Трамп во четвртокот, исто така, рече дека видел докази што му овозможиле „да каже со големо убедување“ дека вирусот излегол од лабораторија во Вухан.
„Да, ги имам деталите“, рече тој, прашан дали може да образложи за што мисли. „Но, не можам да ви кажам. Не можам да ви го кажам тоа ‘
Институтот за вирологија во Вухан ,спонзориран од кинеската влада ги отфрли овие обвиненија, а други владини претставници на САД го отфрлија ваквото сценарио како многу малку веројатно.
Повеќето експерти веруваат дека вирусот потекнува од отворениот пазар во Вухан, каде за прв пат се префрлил од животно на луѓе.
Трамп претходно изјави дека неговата администрација се обидува да утврди дали новиот коронавирус всушност потекнува од лабораторија во Вухан, по извештаите во медиумите дека вирусот можеби е вештачки синтетизиран во таа лабораторија или можеби случајно им избегнал.