Помошта на ранливите категории граѓани ќе се исплаќа директно на трансакциски сметки

by Fokus

Ранливите категории на граѓани и пензионерите со ниски примања средства од помошта во рамки на четвртиот пакет мерки ќе ги добиваат директно на трансакциски сметки, а не на платежни картички како што беше претходно.

Целта на ваквата одлука, како што информираа на денешната прес-конференција министерот за финансии Фатмир Бесими и директорката на Управата за јавни приходи, Соња Лукаровска, е да се намалат турканиците на шалтерите, со што ќе се придонесе за грижата за здравјето на овие лица во услови на ковид-кризата.

Бесими појасни и дека на овој начин ќе се поедностави начинот на исплаќање на средствата од помошта, а воедно ќе се намалат и трошоците кои би биле потребни за изработка и издавање на нови картички.

Поврзани новости