546
Метју Палмер, вршител на должноста заменик помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, ќе ја посети Република Македонија од 1 – 3 август, за да ја искаже поддршката на САД за Договорот од Преспа што земјата го постигна со Грција, како и за прогресот на земјата кон членството во НАТО и во ЕУ.
Вршителот на должност заменик помошник државен секретар Палмер ќе се сретне со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев и со лидери на политички партии.
eТој ќе учествува на прославата на Илинден во Крушево и ќе се сретне со официјални претставници на локалните власти надвор од Скопје.