На денешната седница Владата донесе одлука со која е овозможена поддршка за вкупно 2.204 компании од угостителската дејност, коишто беа затворени во периодот од 6-ти до 27-ми април или вкупно 21 ден, за време на забраната за работа како мерка за спречување на ширењето на КОВИД-19. Вкупната финансиска поддршка за сите 2.204 компании кои ги исполниле условите на јавниот повик е во износ од 354.656.831 денари или 5,77 милиони евра.
„Компаниите од угостителската дејност со приоритетни шифри на дејност според Националната класификација на дејности, 56.10, 56.29, 56.30, имаа можност да се пријават на отворениот повик за финансиска поддршка, при што од вкупно 2.406 пристигнати апликации, 2.204 се целосни, додека 202 апликанти, не се со соодветна шифра на дејност, или имаа регистрирано подружници под една од споменатите шифри“, соопштија од Владата.