937
Пред три години, на 23 октомври во 2013 година, новинарите беа спречени од страна на полициски сили да одржат мирен протест пред Музејот на македонската борба за државност и самостојност.
Протестот за ослободување на новинарот Томислав Кежаровски беше закажан пред овој објект, но кога новинарите започнаа да се собираат, полицијата брутално ги избутка на плоштадот Филип Втори и не им дозволи да се приближат до објектот.
На фејсбук се огласи и новинарот Кежаровски повикувајќи ги новинарите утре да му се приклучат на плоштадот Филип Втори, кај Музејот на ВМРО каде што пред три години се одржа протестот за негово ослободување.